Сезоната вардарки ја почнаа со Кастратовиќ, па ја продолжија со Дејвис, а на екипата која четврти пат ќе игра на завршниот турнир ќе ја води Ирина Дибирова. Таа на средбата со новинарите не издвои ниту еден фаворит за европската круна.
– Сите три ривали на завршниот турнир, како и ние имаме подеднакви шанси. Не се оптеретуваме со финале, бидејќи имаме силен тест за полуфиналето и мислите ни се насочени на ЦСМ Букурешт. Ланскиот натпревар е минато и не сакаме да се навраќаме. Мислам дека Вардар е спремен да испише историја – вели Дибирова.
Таа слатко се насмевна на можноста во семејството Дибирови да стигнат две европски титули ова лето.
– Дај Боже да биде така, но не мислам и не се преокупирам со тоа – заврши вардаровиот тренер.
Утре од 17.45 часот, откако ќе биде познат првиот финалист, Вардар и ЦСМ Букурешт ќе излезат на мегдан во второто полуфинале на Ф4 на Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.