Оваа фотографија со неверојатна брзина се прошири на интернет.
Глетката е неверојатна – новороденото бебе со мајчината спирала во раце, како да порачува дека е посилно од тоа парче и дека „некој“ друг имал поинакви планови.
Луси се шокирала кога видела дека нејзиниот новороден син ја држи спиралата.
Бабиците кога го извадиле од матката на мајката, тој го имал ова во рацете.
-Иако не ја планирав оваа бременост, моето семејство и јас сме пресреќни со Декстер – рече мајката.
Гинекологот на Луси и ставил спирала во август минатата година. Дека е бремена во 18 недела дознала пред Божиќ, што значи дека забременила во периодот кога и била ставена спиралата во матката.
Додека била на ултразвук, спиралата не се гледала, па лекарот претпоставувал дека испаднала. Но таа се скрила зад матката.
Бебето се роди на 27 април, седум дена пред терминот.
За да не остане повторно бремена, Луси ги подврза јајниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)