Според најновото рангирање за мај, фудбалската репрезентација на Македонија остана на 133. место на ранг-листата на ФИФА. Така, момците на Ангеловски остануваат на скокот од минатиот месец, благодарение на победите над Лихтенштајн и Белорусија.
Шпанија и натаму најдобро котира од ривалите во нашата група и остана на десеттата позиција, Италија е 12. како и во април, Израел на 63. место, Албанија на 66. место, а Лихтенштајн и натаму е закован за дното на 189. место.
Бразил, Аргентина и Германија остануваат водечки на листата, а Чиле, Колумбија, Франција, Белгија, Португалија, Швајцарија и Шпанија ја комплетираат ТОП 10 листата.
До крајот на овој месец нашата најдобра репрезентација нема активности, а во јуни следи мечот против Шпанија на „Телеком арената“ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.