| четврток, 6 декември 2018 |

Изложбата „Охридски филиграни“ на Мирјана Николоска вечерва во Македонскиот културен центар во Софија

Во Културно–информативниот центар на Република Македонија во Софија (ул. Обориште 7), вечерва со почеток во 18.30 часот, ќе биде отворена самостојната изложба ОХРИДСКИ ФИЛИГРАНИ на Мирјана Николоска.

Мирјана Николоска е родена во Охрид, каде што живее и работи. Со изработката на филигрански мотиви, Мирјана Николоска ја продолжува традицијата на еден од најстарите и најубави занаети кој се одржал низ вековите. Предавањето на техниката на филигранот преку нејзините креативни способности е доказ за нејзината љубов и умешност, видливи во нејзините дела. Таа создава исклучителни , уникатни и оригинални дела кои се типични за Македонија. Со нејзините креации  таа ја негува традицијата, културата и македонското наследство.

Филиграните се изработени од компресирана хартија со срмен конец – во сребрени и златни варијации, декорирани со монистри и оригинални охридски бисери. Овие рачно изработени филиграни се во различни големини , зависно од композицијата, секој поодделно е уникатен, оригинален и препознатлив за македонското поднебје. Филиграните се изложени во многу продавници за сувенири во Македонија – во Скопје, Охрид, Вевчани. Авторката има остварено изложби во многу градови низ Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top