Во Културно–информативниот центар на Република Македонија во Софија (ул. Обориште 7), вечерва со почеток во 18.30 часот, ќе биде отворена самостојната изложба ОХРИДСКИ ФИЛИГРАНИ на Мирјана Николоска.
Мирјана Николоска е родена во Охрид, каде што живее и работи. Со изработката на филигрански мотиви, Мирјана Николоска ја продолжува традицијата на еден од најстарите и најубави занаети кој се одржал низ вековите. Предавањето на техниката на филигранот преку нејзините креативни способности е доказ за нејзината љубов и умешност, видливи во нејзините дела. Таа создава исклучителни , уникатни и оригинални дела кои се типични за Македонија. Со нејзините креации таа ја негува традицијата, културата и македонското наследство.
Филиграните се изработени од компресирана хартија со срмен конец – во сребрени и златни варијации, декорирани со монистри и оригинални охридски бисери. Овие рачно изработени филиграни се во различни големини , зависно од композицијата, секој поодделно е уникатен, оригинален и препознатлив за македонското поднебје. Филиграните се изложени во многу продавници за сувенири во Македонија – во Скопје, Охрид, Вевчани. Авторката има остварено изложби во многу градови низ Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.