| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на делата на Константин Качев

На 05.12.2018 година, со почеток во 20 часот во НЛБ Галерија (Дирекција на НЛБ Банка АД Скопје, ул.Мајка Тереза 1, Скопје) ќе биде свечено отворена изложбата на дела од академскиот уметник Константин Качев.

Константин Качев спаѓа во редот на најистакнатите современи македонски сликари од помладата генерација. Роден е во Ташкент во 1967 година. Завршил ликовна академија во Скопје. Качев е член на ДЛУМ и е носител на бројни и значајни награди за ликовна уметност. Покрај групните зад себе има голем број на самостојни изложби во Македонија, но и во странство: Њујорк, Париз, Лион, Минхен, Берлин, Њујорк, Софија, Москва…

Изложбата ќе биде дополнително збогатена со скулптурите од керамика на Елена Виденова од Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top