| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на најзначајниот француски фотограф Надар

Францускиот институт во Скопје и Националната галерија на Македонија организираат отворање на изложбата на најзначајниот француски фотограф во 19-тиот век и татко на современата фотографија, Надар, в четврток,  6 декември 2018 година, во 20 часот, во Мала Станица.

Изложбата, насловена „Славните портрети на Надар“, официјално ќе ја отворат:  г-ѓа Дита Старова-Ќерими, Директорка на Национална галерија на Македонија, Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција, и г-ѓа Лор Верон, кустос во Музејот Jeu de Paume.

Гаспар-Феликс Турнашон (1820 – 1910) станува Надар на дваесетгодишна возраст, а особено е познат по портретите на големите мислители, писатели и уметници од тој период: Теофил Готие, Марселин Деборд-Валмор, Жерар де Нервал, Гистав Доре, Бодлер и многу други.

Оваа ексклузивна изложба од 41 репродукција е овозможена од Музејот Jeu de Paume, а е поддржана од Зегин и од Охридска банка – Société générale.

Изложбата ќе биде отворена до 27 јануари 2019 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top