| четврток, 6 декември 2018 |

„Устата на јавето“-нова книга од Раде Силјан

Во издание на Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат поетската книга  „Устата на јавето“ од современиот македонски писател Раде Силјан. Во своето седумнаесето поетско дело авторот застапува седумдесет песни, поделени во седум тематски циклуси, кои сочинуваат неразделна тематска целина.

Стиховите од новата книга на Раде Силјан отвораат голем број прашања за сé што ќе ни се насели во сонот, за сé што ќе ни го прекине здивот, со воздишка и многу тага, констатира Блаже Миневски во инспиративниот поговор под наслов „Во татковината на молкот,или како да се разбереш со животот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top