| четврток, 6 декември 2018 |

Потресна исповед на шизофреничар: Ме лазат бубалки, постојано слушам гласови…

Кејт Фенер (18) со години се борела со психичките проблеми за да на 17 годишна возраст конечно ѝ дијагностицираат шизофренија.

Оваа млада уметничка изработила серија на илустрации кои ги прикажуваат нејзините звучни и визуелни халуцинации. Таа редовно ги споделува со луѓето преку Инстаграм со цел да го сруши митот и предрасудите кои ја опкружуваат оваа болест.

Многу често Кате добива напади на депресија, а исто така и често ѝ се појавуваат халуцинации – чувствува како бубачки ја лазат по телото и слуша гласови.

Девојката на овој начин се носи со својата болест, а истовремено сака да им стави крај на предрасудите и негативното и погрешно сфаќање за шизофренијата и останатите ментални болести какви што често се среќаваат во медиумите.

Мислам дека медиумите ја прикажуваат било која ментална болест така да пацинетите кои страдаат од неа делуваат како некомпетентни, насилни или мрзливи па дури и опасни. Можеби има такви, но поголемиот дел се обични луѓе кои се принудени да живеат со овој тежок товар. Луѓето се плашат да зборуваат за тоа бидејќи знаат дека ќе бидат понижувани и осудувани. Јас сум свесна на каков ризик се изложувам со тоа што одлучив јавно да зборувам дека имам халуцинации, дека гледам и чувствувам бубачки по телото и дека слушам гласови, но подготвена бев да го преземам ризикот мотивирана од тоа дека луѓето ќе почнат конечно да ги гледаат ментално болните како обични луѓе, а не опасни”, изјавила таа за Huffington Post.

Повеќето од нејзините цртежи прикажуваат муви кои, како што вели, најдобро го илустрираат нејзиното чувство на “безвредност, безначајност и комплекс на помала вредност.” Некои, пак, точно ги доловуваат халуцинациите.

Честопати имам чувство дека ми лазат бубачки по телото или дека ми излегуваат од кожата. Мувата која ми зборува сè да запалам, во основа е глас кој понекогаш ми зборува да подметнам пожар. Луѓето ме гледаат чудно кога ќе им кажам дека слушам гласови, но мене тоа ми е нормално. Всушност, на многумина им е нормално и поради тоа отворено зборувам за ова. Мислам дека не би требала да ги кријам овие работи и цртањето е еден од начините своето искуство да го споделам со другите. Мислите за самоубиство и депресијата често ја придружуваат оваа болест”, вели таа.

Шизофренијата е означена како психоза (губење на контакт со реалноста), халуцинации, илузии, неорганизиран говор и однесување, емотивна отапеност (ограничен спектар на емоции), когнитивни испади (оштетено размислување и решавање на проблеми) како и професионална и социјална дисфункција. Станува збор за хрночна болест која може да напредува низ неколку фази, иако времетраењето на фазата и демонстрациите можат да се разликуваат. Симптомите, исто така, се разликуваат од личност до личност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top