| четврток, 6 декември 2018 |

Висок IQ e штит од шизофренија

Високата интелегенција би можела да го запре развојот на шизофренијата, особено кај генетски предоредените луѓе, додека од друга страна недостигот на интелегенција го зголемува ризикот за оваа болест.

Тим шведски и американски научници неодамна открија дека коефициентот на интелегенција или IQ е многу важен во развојот на шизофренијата, а врската постои и во обратна ситуација.
­

Ако сте навистина паметни, шизофренијата нема да најте темел за развивање во вашите гени, рече Кенет С. Кендлер, професор по психијатрија и хумана и молекуларна генетика на Универзитетот Вирџинија Комонвелт.

Повеќе од 1,2 милиони мажи во Шведска родени меѓу 1951 и 1975 година учествуваа во студијата која го проценувала нивниот IQ од 18 до 20 години во доцната адолесценција, со цел да го следи развојот на шизофренијата до 2010 година.

Се утврдило дека нискиот степен на IQ меѓу останатите како што се: ембрионалното искуство, траумите од детството или користењето дрога во раните денови, придонесува за развој на менталните болести, иако постојат значајни варијации во постигнатите резултатите кај луѓето со оваа болест.
­

Тоа што навистина претставува ризик за шизофренија е колку отстапувате од предвидениот коефициент на интелегенција од своите роднини, рече Кендлер.
­

Доколу вашиот IQ е многу низок, носите ризик за шизофренија. Ако не го постигнете IQ кој би требало врз основа на вашата генетска конституција и семејно наследство, тогаш имате значајни предизпозиции да развиете шизофренија, заклучи тој.

Оваа студија до денес е најголема која ги поврзува IQ и шизофренијата и е објавена во Американскиот журнал за психијатрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top