Бизарната емисија „Аутопсија: Последните часови…“ која се занимава со анализа на смртта на јавни личности ги откри детали кои довеле до трагедијата во која Робин Вилијамс си ги пресече вените, а потоа се обеси.
Светот беше шокиран кога беше објавена веста дека славниот комичар е пронајден мртов во својот дом. Уште поголем шок следуваше откако беше објавено дека актерот се обесил, откако претходно се обидел да си ги пресече вените. Трагедијата се објаснува со тоа дека актерост боледувал од депресија, Паркинсонова болест, а сега контраверзната емисија која се занимава со последните часови на починатите открива дека Робин страдал од деменција и дека последните часови од својот живот ги поминал на интернет барајќи лекови, но и дека ја исчистил бањата од крвта откако се обидел да си ги пресече вените.
Неговата соруга открива дека вечерта пред смртта скапоцените часовници ги криел во чорапите и сакал да му ги однесе на пријател за да му ги чува, што стручњаците кои се интервјуирани во документарецот го опишуваат како параноја.
-Тоа што неговата сопруга го опишува укажува на параноја од која страдал. Се чувствувал загрозен, во опасност. Не е важна причината, дали е психолошка, физичка, финансиска. Тој мислел дека се подготвува нешто против него, тврди психологот Анџула Мутанда.
Обдукцијата покажа дека Вилијамс имал недијагностицирана деменција што би можело да го објасни неговото однесување. Патологот Ричард Шепард рече дека активноста на актерот на интернет укажувала на тоа дека Робин бил свесен дека нешто не е во ред со него, но не знаел што.
Емисијата открива и дека во собата на Робин Вилијамс било пронајдено неотворено шишенце од лек кој се користи за лечење на шизофренија и биполарно пореметување кое го добил една недела пред смртта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.