| четврток, 6 декември 2018 |

Со расеченици по целото тело – крвав маж пронајден пред ресторан

Во саботата наутро во 06,45 часот во СВР Битола од Клиничка болница –Битола пријавиле дека кај нив е  донесено повредено лицето В.Х.(36) од Битола.
Настанот се случил ноќта во 23,55 часот, кога во возило пред ресторан во Битола пронајдено било повредено лице со расеченици на рацете и нозете. Лицето било хоспитализирано во Одделението за хирургија и откако му биле санирани повредите, лицето било префрлено во Одделението за психијатрија, каде било посочено дека лицето има дијагноза – психичка болест шизофренија.
Увид извршила екипа на ОКТУПА  при СВР Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top