Актерот Џејк Лојд , познат по улогата на младиот Анакин Скајвокер во американската франшиза „Војна на ѕвездите“, сместен е на психијатриска клиника откако му била дијагностицирана шизофренија.
Лојд, кој глумеше во првата епизода „Фантомска закана“ префрлен е од затвор во клиника откако неговата мајка открила дека боледува од ментална болест, јавуваат светските медиуми. Актерот е уапсен во јуни минатата година поради брзо возење.
Лојд имал 10 години кога го глумел младиот Скајвокер во првата епизода на „Војна на ѕвездите“ покрај Лијам Нисон, Иан Мекгрегор и Натали Портман. Набрзо прекинал да се занимава со актерството. Пред четири години изјавил дека глумата го претворила неговиот живот во „жив пекол“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.