| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на „Ах, љубов моја“ во Битола

Филмот „Ах, љубов моја“ во режија и сценарио на Коле Ангеловски премиерно ќе биде прикажан во 3Д Кино Битола на втори мај со почеток во 20 часот.

Филмот е снимен во продукција на Авард Филм и Видео и копродуцентите – Квазар Филм и КТ Филм и Медиа. Продуценти се Горан Стојилковиќ, Димитар Николов и Владимир Стојчевски, а сценограф Илина Ангеловска.

Костимографи се Лира Грабул и Раде Василев, музиката е на Венко Серафимов.

Актерската екипја ја сочинуваат Нина Деан, Атанас Атанасовски, Александар Микиќ, Соња Стамболџиева, Роберт Ристов, Жарко Димоски, Крсте Јовановски, Марија Кондовска, Ердоан Максут, Кристина Ласовска, Валентин Костадиновски, Ева Скендеровска, Едмонд Сотир и Андон Јовановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top