| четврток, 6 декември 2018 |

Француско-германски саем на литература за деца „Го читаме другиот“

Францускиот институт во Скопје и Гете-институтот Скопје организираат Француско-германски саем на детска литература, со наслов „Го читаме другиот“, кој ќе се одржи во три градови Скопје, Битола и Гостивар.

Утре (вторник, 25 април), со почеток во 13 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје на отворањето на Саемот во Скопје од страна на господин Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција, и госпоѓа Кристина Алтхаузер, амбасадорка на Германија.

 Почесни гости на Саемот се четворица автори и илустратори на литература за млади, од кои двајца Французи и двајца Германци: Ан Малер, Јана Хајнике, Марк Бутаван и Патрик Хертвек. Тие се многу успешни, имаат богато искуство во работа со деца и низ своите активности пренесуваат важни педагошки содржини. Во рамките, пак, на програмата на саемот ќе се одржат работилници, книжевни читања и дебати со гостите.

 Саемот за детска литература продолжува в среда, (26 април), од 13 часот, паралелно во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола и во Центарот за култура во Гостивар.

 Овој проект, поддржан од Француско-германскиот културен фонд, има за цел да ја промовира книгата како фактор за културна отвореност и еманципација. Преку читањето на странски јазик младите се воведуваат во светот на туѓата култура, но и во структурата на туѓиот јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top