| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел за Давид: Домот е таму каде што сум со тебе (ФОТО)

Откако стана татко Даниел Кајмакоски заедно со сопругата Кристина се пресели во родната Струга, а деновиве на гости му е дојдено и семејството од Виена. Дека фамилијата му е на прво место говори и фактот што под заедничката фотка на која позира со саканата, малиот наследник и мајка си пејачот напишал:

Домот е таму каде што сум со тебе”.
daniel kajmakoski 2

Инаку, пред да стане родител Кајмакоски во повеќе наврати истакнуваше дека има голема желба да добие син, а пред неполни два месеци таа желба конечно и му се оствари.

Отсекогаш сум сакал да бидам млад татко. Сега можеби не сум толку млад, но сум среќен што го имам Давид”, изјави Кајмакоски за српските медиуми непосредно по породувањето на неговата избраничка.

На музички план, пак, последно нешто што слушнавме од него беше дуетот со “Неверне бебе”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top