| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот број на „Република“ ќе читате

Во новиот број на неделникот „Република“ ќе читате:

Заев ги разбуди духовите од минатото
Сонот за Голема Албанија станува реалност

Интересно е зошто квислинзите повеќе сакаат да зборуваат за митови и легенди, отколку за факти и за аргументи. А факт е дека Бушати многу јасно, во само една реченица потврди дека платформата постои, дека таа треба да се вметне во Уставот и дека Македонија ќе стане бинационална држава. Уште појасен беше Еди Рама, кој отворено кажа дека не се откажува од планот за Голема Албанија и дека Албанија и Косово може наскоро да се обединат. Неговата дрскост и отвореност ги засрами дури и тие во Брисел, кои досега упорно молчеа и замижуваа пред националистичката реторика на Тирана, а во исто време силно притискаат да се формира квислиншка влада во Македонија базирана на платформа изработена во таа соседна земја.

 

Пред судот во Вашингтон
Тужба за Бејли за делувањето во Македонија

Џудишал Воч, организација која судски се справува со злоупотребите на американските државни институции, поднесе тужба во суд во Вашингтон против Стејт Департментот и агенцијата за развој УСАИД, наведувајќи дека двете агенции не доставуваат документи согласно законот за пристап до информации, а под сомневање дека преку американската амбасада во Скопје, спротивно на Виенската конвенција, се мешале во внатрешните работи во Македонија каде финансирајќи ги левичарските групи и проекти на СОРОС се обидуваат да ја турнат власта. Во барањето детално се наведени организациите поврзани со Фондацијата Отворено општество – Македонија, за кои веќе течат истраги.

 

Соросовиот дипломат во неуспешна мисија
Билд само го „набилда“ гневот кај Македонците

СДС без М да ти се „навлекле“ на пароними. Тоа се зборови што се многу слични еден на друг, барем звучно, но семантички имаат сосема друго значење. Такви се ЛАБАВО и ЛАВАБО, СТРУНА и СТРИНА. Чуму во СДС без М (бидејќи М или Македонија одамна не им прилега) станале зависни од оваа гласовна измама? Епа слушнете. Од каде доаѓа Доналд Туск, последниот гостин што ни кажа дека ќе го прифатат и поддржат секое решение  што ние во Македонија ќе го донесеме? Да, тој е претседател на Европскиот совет, највисокото тело на ЕУ. А од каде доаѓа Карл Билд, освен што некогаш одамна бил поранешен премиер и МНР на Шведска? Да, тој е копретседател на Европскиот совет, ама за надворешни работи. Упс! Ама истиот тој да ти бил многу лут при одбивање. Прашајте го Иванов, кој за исфрустрираниот Билд стана „нерелевантен политичар“. Маки, настрана НВО, настрана шведски..

 

На миленикот на Западот сѐ му е дозволено
Еди Рама се закани со војна

Албанскиот премиер Еди Рама, соочен со сериозна политичка криза во својата земја, се обидува со своите изјави и политички чекори во правец на Голема Албанија да предизвика верижна реакција која може да му донесе уште четири години власт. Соочен со сериозна опозиција и во сопствената партија, Рама повторно го користи стариот проверен рецепт на албанските политички субјекти на Балканот и во моменти на паника се фаќа за национализмот, за обединување на албанскиот етнички простор, за призренската лига како последно прибежиште и шанса за преживување. Албанските парламентарни избори се закажани за 18 јуни, Демократската опозиција го напушти парламентот и не се враќа во него без оставка на Рама и техничка влада, а лидерот на социјалистите со поддршка на западните партнери се занимава со внатрешните работи на Македонија, Косово, Црна Гора

 

Колумна, Ацо Станковски
Велигден

Има многу причини за ултимативната потреба од овој најзначаен феномен во животот на човекот, а тоа е бесмртноста. Да се освои бесмртноста, треба да се победи светот. Тоа значи дека волјата на Воскреснатиот може да ги промени физичките закони и да влезе во еден натприроден вид егзистенција. Тоа го може само Бог, зошто токму тој ги создал сите тие закони на природата, кои станале универзални и непроменливи токму по волјата негова. Оваа Божја волја е најсилниот физички закон, а тоа е самиот постанок на универзумот во сите негови модалитети, структури и форми и, на секој план, почнувајќи од глобалните макропланови на вселената, па до најнеочекуваните универзуми на микрокосмосот, и сѐ така до душевните констелации на народите, па сѐ до најделикатните и најскриените катчиња на осамената и тажна душа на некоја личност. Впрочем, непоимливи се тие ка пацитети, што можат, кога сакаат, да направат нешто што сите го гледаме како чудо.

 

Интервју: Цветин Чилиманов, новинар и аналитичар
Македонија не може да си дозволи соросоидна влада

Едноставно, светот веќе не може да поднесе натамошно спроведување на идеите на луѓе како Сорос во економијата, општеството, социјалните теми, културата, дури ни на краток рок, и секое давање власт на негова опција потоа служи како неисцрпен пример зошто веќе никогаш не треба да им се даде власт. Но, сепак, последиците од ваков експеримент би биле, навистина, премногу сериозни за кревка држава како Македонија за да можеме да си го дозволиме, вели Чилиманов

  • „Чадорот“ и досега покажа голема моќ за манипулирање и за приспособување, така што и покрај сериозните удари што му се зададени во САД и во Европа, сѐ уште е далеку од откажување. Сведоци сме дека сериозни делови од американската администрација се однесуваат како Обама сѐ уште да е претседател, а Хилари државна секретарка. Но, јас сум оптимист дека, сега, кога политичарите што го сочинуваат „чадорот“ мораат да ја водат борбата на својот домашен терен, во Лондон, Вашингтон, Рим, Париз, Берлин, дека капацитетот за вршење злоупотреби во земји како Македонија им е многу помал-вели Чилиманов за Република. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top