Неговото име е Давид Галевски од Скопје, но сите го викаат Давид Бекутан. Роден 1999 година, тој сосема случајно станал заштитниот лик на линијата на детска козметика на „Алкалоид“ -„Бекутан“.
Познатата фотографија настанала случајно, кога на десетмесечна возраст неговата мајка го облекувала после капење. Oткако со таа фотографија Давид бил избран за најбебе во тогашниот магазин „Практична жена“, тој веднаш им се допаднал на маркетинг одделот на „Алкалоид“.
– Тој е како наша амајлија и откако е дел од нашите производи нe следи само среќа. Менувавме амбалажа, но него не го менуваме. Тој и натаму ќе остане нашето мало сериозно и преслатко бебе Давид – изјавија во 2010 за „Вест“ од маркетинг тимот на компанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)