| четврток, 6 декември 2018 |

Стујардеси породија жена на височина од 13.000 метри (Фото)

let

Стујардеси од турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ помогнаа на француска државјанка да роди на височина 13 илјади метри, јави Анадолија.

Патничката родила дете во авионот кој патувал на релација Конакри (Гвинеја) – Уагадугу (Буркина Фасо) – Истанбул (Турција).

За време на летот, патничката Диаби Нафи добила контракции и стјуардесите биле принудени да „станат“ акушерки.

Младата мајка и новороденото девојче биле однесени во болница по слетувањето на авионот во Уагадугу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top