| четврток, 6 декември 2018 |

Како Кејт Мидлтон изгледа толку свежа, веднаш по породувањето?

Кога се породи Кејт Мидлтон прво што им падна на памет на многумина е како собра сила да излезе и да се фотографира само неколку часа по породувањето, што е дел од традицијата на британското кралско семејство и што го направи и со претходните две деца.

Но, ова во Британија не е воопшто чудно. Седум часа по породувањето, војвотката од Кембриџ излезе од клиниката со бебето во раце, насмеана и нашминкана и си замина дома.

Во САД мајките што се пораѓаат остануваат два дена во болница пред да добијат отпусна листа. Во меѓувреме во Велика Британија мајките остануваат само еден ден, што е најкраток престој во болница во било која развиена земја.

Втората причина зошто Кејт толку брзо ја напушти болницата е вниманието што нејзиното присуство го предизвикува. Обожавателите на кралскиот пар го запоседнаа дворот околу болницата чекајќи да се појави принцезата.

Исто така, доколку Кејт и новороденчето имаат потреба од било што, тим лекари е подготвен веднаш да дојде во Кенсингтонската палата, каде што живее кралскиот пар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top