| четврток, 6 декември 2018 |

Се откажала од Виена за да остане во Белград: Беквалац ќе плати 6 000 евра за породувањето

Српската пејачка Наташа Беквалац одлучила својата ќерка да ја роди во приватна белградска клиника, на која ќе и уплати 6.000 евра, додека 4.000 евра ќе потроши за замрзнување на матичните келии.

Таа до детали го испланирала своето породување, кое се очекува на почетокот на март и одлучила ќерката што ќе ја добие со сопругот Лука Лазукиќ да ја роди во едно приватно блеградско родилиште, каде веќе резервирала апартман.

Популарната пејачка е нестрплива во исчекувањето на свето да донесе уште едно девојче. Иако првобитниот план беше нејзиното дете да се роди во Виена, каде редовно одела на контроли, Наташа се предомислила и одлучила да се породи во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top