| четврток, 6 декември 2018 |

Братучедот ја породи Натали Грубовиќ: Убавицата доби ќерка

Екс лото девојката и своевремено еден од нашите најуспешни модели, Наталија Грубовиќ, денес доби ќерка. Таа се породила во Скопје, и се чувствувала добро. Веста за приновата за Фокус ја потврдила нејзината сестра, Др. Радица Грубовиќ Растворцева.

– Денес во пладневните часови Натали се породи по природен пат. Ја породи нашиот братучед Др. Слободан Дракулевски. И мајката и бебето се добро, се помина во најдобар ред, а за името на малата се уште се размислува, изјавила таа.

Ова е прво дете на убавицата, која лани стапи во брак со бизнисменот од Нови Сад, Дрен Глушац. Тогаш изјави дека со сопругот ќе живеат во Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top