Стујардеси од турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ помогнаа на француска државјанка да роди на височина 13 илјади метри, јави Анадолија.
Патничката родила дете во авионот кој патувал на релација Конакри (Гвинеја) – Уагадугу (Буркина Фасо) – Истанбул (Турција).
За време на летот, патничката Диаби Нафи добила контракции и стјуардесите биле принудени да „станат“ акушерки.
Младата мајка и новороденото девојче биле однесени во болница по слетувањето на авионот во Уагадугу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.