Помалку од два часа и беа потребни на Македонија да дојде до втората победа во групата Б.
Нашите најдобри тенисери Томислав Јотовски и Димитар Грабул демонстрираа квалитет и остварија уведливи триумфи во поединечната конкуренција.
Грабул за 55 минути лесно го мина Рај-Кунар Бонифациус со 6-4, 6-2.
Јотовски, пак, беше уште поубедлив против Гунарсон, дозволувајќи само еден гејм на Биркир Гунарсон и оствари убедлива победа од 6-0, 6-1. Дуелот траеше идентично како и тој на Грабул, но, поради медицински тајм аут за противникот.
Македонија е перфектна по првите две кола, а посакуваното прво место ќе се потврдува утре против Молдавија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.