Колумбискиот напаѓач Карлос Бака ќе го напушти тимот на Милан во летниот преоден рок, пишуваат медиумите во Италија. Тој не е во најдобар однос со тренерот Монтела, а оваа сезона и не го даде својот максимум во тимот од „Сан Сиро“. Токму затоа се претпоставува дека Милан ќе го стави на трансфер – листа и ќе се обиде да доведе нов напаѓач во своите редови.
Како најпосакувана опција се споменува најдобриот играч на Лион, Александре Лаказет, за кој интерес пројавуваат низа други клубови. Според италијанската штапма, во опција се и Алваро Мората, како и Серхио Агуеро, но се чини дека многу работи ќе зависат и од конечната продажба на клубот на потенцијалните кинески инвеститори. Веќе подолг период Силвио Берлускони води преговори за да го продаде Милан, но засега трансакцијата никако да се реализира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.