Колумбискиот напаѓач од редовите на Милан, Карлос Бака, во следните неколку дена и официјално ќе биде претставен како најново засилување на шпанскиот прволигаш Вилјареал. Искусниот Бака во новата сезона ќе настапува како позајмен фудбалер, но “жолтата подморница” ќе мора да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната за 17 милиони евра.
Бака доаѓа во Виљареал откако првиот напаѓач на тимот минатите сезони, Роберто Солдадо неодамна премина во турскиот гигант, Фенербахче.
Откако се ослободија од услугите на поранешниот фудбалер на Севилја, раководните лица на Милан ќе се обидат да го комплетираат најавениот трансфер на хрватскиот интернационалец од редовите на Фиорентина, Никола Калиниќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим