Екипата на Милан со пораз ја заврши сезоната во Серија А откако како гостин доживеа пораз од Каљари со резултат од 2-1.
Во безначаен натпревар во кој и двете екипи немаа потреба од бодови, до триумфот дојде домаќинот со гол постигнат во 93. минута. Трите бода во Каљари ги остави Писакане кој налета на една одбиена топка од слободен удар и погоди во мрежата на Милан иако веројатно се наоѓаше во офсајд позиција.
Претходно, Каљари поведе со голот на Жоао Педро во 17. минута, а на 1-1 изедначи Лападула од пенал во 72. минута. Милан промаши пенал во 63. минута, а не успеа да го реализира Бака. И порак денешниот пораз, Милан ја заврши сезоната на шестото место и ќе игра во Лига Европа следната сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)