По двата едноподруго дуели без триумф, Милан дојде до победа во 19. коло од Серија А славејќи со 1-0 против Каљари на домашен терен.
„Миланезите“ до трите бода стигнаа благодарение на погодокот на Карлос Бака во 88. минута од средбата.
Фудбалерите на Монтела не направија доволно за убедлива победа, иако во поголемиот дел од натпреварот се закануваа по голот на гостите. Каљари ја гледаше шанса во контра нападите, а по еден таков Исла постигна погодок, но истиот беше поништен поради офсајд позиција. Единствениот подогок на мечот дојде во самата завршница, кога Бака, на асистенција на Лападула, смирено ја смести топката во долниот лев агол од голот на Рафаел.
Carlos Bacca Goal HD – Milan 1-0 Cagliari 08… by gashieliesaa
19. коло ќе биде затворено со мечот помеѓу шампионот Јувентус и Болоња, кој започнува со 20.45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)