Торино не успеа да се реваншира за елиминацијата од Купот на Италија против Милан и вечерва ремизираше со 2-2 на домашен терен со гигантот од Милано. Тимот на Синиша Михајловиќ имаше фуриозно прво полувреме, кога преку Белоти и Бенаси, Торино имаше позитивен резултат (2-0), а во 32-та минута, Лјајиќ прапушти идеална шанса од пенал, да го зголеми резултатот. Јунакот на Милан и најзаслужниот што „росонерите“ си заминаа од Торино непоразени, Џиџи Донарума беше поуспешен и го одбрани ударот што беше дополнителен мотив за неговите соиграчи во второто полувреме.
„Росонерите“ во првото полувреме не успеаја да направат никаква посериозна шанса, а во вториот дел заиграа подобро и тоа веднаш вроди со плод. Андреа Бертолачи во 55-та минута намали на 2-1. Само пет минути подоцна, тимот од Милано доби пенал, а прецизен реализатор беше колумбискиот напаѓач Карлос Бака.
Во 74-та минута од натпреварот, Бертолачи имаше шанса да постигне втор погодок, но неговиот удар не беше прецизен, а на самиот крај од мечот Ромањоли доби втор жолт картон и нема да биде во составот за дербито против Наполи во наредното коло.
16.01.2017 HD by footballderby
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)