| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Шиповиќ вчера ја поднесе, а денеска ја повлече оставката: Дали Жерновски го уцени со бомбите на Заев?

andrej-zernovski-sipovikПретседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, по нецели 24 часа откако ја поднесе оставката, ја повлече. Шиповиќ ја најави својата оставка првично од лични причини, а потоа изјави дека причините се основани од лошата комуникација со градоначалникот на општина Центар.
Иако за денеска најави прес-конференција на која ќе се разговара за оставката, по консултација со градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, претседателот на Советот ги повлече точките од дневен ред, со што ја повлече и својата претходно објавена оставка.
На денешната седница на Советот на општина Центар на дневен ред беа две точки – констатирање на оставката на претседателот на Совет на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, а втората избор на нов претседавач.
Индикативно е што Шиповиќ, кој извесно време е во отворен судир со градоначалникот Жерновски, по само десетминутни консултации ја менува одлуката. Тоа остава простор да се постави прашањето со што го држи Жерновски Шиповиќ и која е цената што ја платил претседателот на Советот на општина Центар за да го замолчи осилениот градоначалник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top