Претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, по нецели 24 часа откако ја поднесе оставката, ја повлече. Шиповиќ ја најави својата оставка првично од лични причини, а потоа изјави дека причините се основани од лошата комуникација со градоначалникот на општина Центар.
Иако за денеска најави прес-конференција на која ќе се разговара за оставката, по консултација со градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, претседателот на Советот ги повлече точките од дневен ред, со што ја повлече и својата претходно објавена оставка.
На денешната седница на Советот на општина Центар на дневен ред беа две точки – констатирање на оставката на претседателот на Совет на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, а втората избор на нов претседавач.
Индикативно е што Шиповиќ, кој извесно време е во отворен судир со градоначалникот Жерновски, по само десетминутни консултации ја менува одлуката. Тоа остава простор да се постави прашањето со што го држи Жерновски Шиповиќ и која е цената што ја платил претседателот на Советот на општина Центар за да го замолчи осилениот градоначалник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Жерновски: Чудна правда, Тасевски стана директор на БЈБ на денот кога им се суди на обвинетите од 27 април
-
Андреј Жерновски влезе во Владата: Ова се новите заменици-министри!
-
Жерновски нов заменик-министер за надворешни работи
-
ВМРО-ДПМНЕ: Заев вети дека нема да го блокираат референдумот за доселување на мигрантите или сепак тоа се покажа како уште една голема невистина?