Дека ништо не функционира во Центар граѓаните на оваа скопска општина гледаат четири години откако на чело на општината е изборот на СДСМ, Андреј Жерносвски. Но, од работата на најлошиот градоначалник во Скопје не се задоволни ниту од СДСМ. Претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, денеска поднесе оставка од функцијата поради неможноста да оствари соработка со градоначалникот.
-Досега некако комунициравме, последните два месеца не комуницираме воопшто. Мислам дека е најдобро да се повлечам од функцијата и да дојде некој нов претседател на Советот, којшто можеби ќе оствари добра комуникација и соработка со градоначалникот – вели Шиповиќ.
Од Општина Центар соопштија дека за утре во 15 часот е закажана седница на која тој треба да ги образложи причините за оставката, а и да се почне процедурата за избор на нов претседавач на општинскиот Совет.
Шиповиќ ќе остане советник во општина Центар.
Оставка на Шиповиќ: СДСМ го извисува Жерновски во трката за Центар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Жерновски: Чудна правда, Тасевски стана директор на БЈБ на денот кога им се суди на обвинетите од 27 април
-
Андреј Жерновски влезе во Владата: Ова се новите заменици-министри!
-
Жерновски нов заменик-министер за надворешни работи
-
ВМРО-ДПМНЕ: Заев вети дека нема да го блокираат референдумот за доселување на мигрантите или сепак тоа се покажа како уште една голема невистина?