| четврток, 6 декември 2018 |

Пукна во Центар – СДСМ нема милост за кметот Жерновски (ВИДЕО)

sipovik zernovskiДека ништо не функционира во Центар граѓаните на оваа скопска општина гледаат четири години откако на чело на општината е изборот на СДСМ, Андреј Жерносвски. Но, од работата на најлошиот градоначалник во Скопје не се задоволни ниту од СДСМ. Претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, денеска поднесе оставка од функцијата поради неможноста да оствари соработка со градоначалникот.

-Досега некако комунициравме, последните два месеца не комуницираме воопшто. Мислам дека е најдобро да се повлечам од функцијата и да дојде некој нов претседател на Советот, којшто можеби ќе оствари добра комуникација и соработка со градоначалникот – вели Шиповиќ.

Од Општина Центар соопштија дека за утре во 15 часот е закажана седница на која тој треба да ги образложи причините за оставката, а и да се почне процедурата за избор на нов претседавач на општинскиот Совет.

Шиповиќ ќе остане советник во општина Центар.

Оставка на Шиповиќ: СДСМ го извисува Жерновски во трката за Центар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top