Легендарниот англиски фудбалер, Рио Фердинанд, во најновиот документарец ја отвори душата и откри како функционирал по смртна на својата сопруга и како ги одгледува трите малолетни деца.
Во документарецот “Рио: Да се биде мајка и татко”, открива како се чувствувал во моментите кога ја „губел“ сопругата која почина на 34. години поради карцином на градата. Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед откри дека во тие моменти, спасот го побарал во алкохолот, но признал и дека размислувал за самоубиство.
– Никогаш не сум размислувал, како може некој да изврши самоубиство? Како некој може да биде толку себичен? Но, сега знам како им било на тие луѓе. Да ја немав мрежата на луѓе околу мене или да ги немав моите деца, кои ми беа најголема инспирација, немаше да размислувам правилно или рационално, изјави Фердинанд кој најмногу бил погоден од тоа што останал без подршката од својата сопруга, а морал да внимава на своите три деца, десетгодишниот Лоренцо, осумгодишниот Тејт и петгодишниот Тием.
– Тие размислуваа на глас, затоа што немаа мајка, а јас немав одговор за нивните прашања. Веќе во мај 2015 година, кога почина, само десет недели откако беше потврдено дека има карцином, јас почнав да тонам. Седев дома, децата веќе беа во кревет, а јас не можев да заспијам. Не сакав да размислувам. Прво седев во мојот кревет, а потоа се симнав и почнав да пијам бренди. Ни тоа не ми помогна. Еден ден, бев толку мамурен и направив сообраќајна несреќа. Тогаш сфатив дека морам да се променам. Едно е да се седи во соба и да се плаче, а друго е да се збори за чувствата. Јас бев емотивно затворен, мислев дека е слабост ако мажот покаже емоции, откри Фердинанд.
Освен големата животна, емотивна и фамилијарна загуба, Рио сега мора да се фокусира и на секојдневните обврски.
– Никогаш во животот не сум направил ручек, но тоа се работи кои мора да ги направите. Единствената обврска беше трката до училиштето, но за тоа е потребно да станете 10 минути пред децата, а Ребека веќе ги имаше нахрането децата, ги облекла и ги сместила во автомобилот. Децата закаснија во училиште кога јас морав тоа да го направам. Не знаев кога треба да се оди на доктор, јас го знаев само клупскиот доктор. Се што правев, не беше толку добро како што го правеше Ребека, додал поранешниот фудбалер на Јунајтед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.