| четврток, 6 декември 2018 |

Медицинска компликација причина за смртта на родилката од Свети Николе

Завршен е извештајот за случајот со родилката која во јуни почина во Клиничката болница во Штип и пред два дена беше доставен до Министерството за здравство од страна на формираната Комисија. Според наодот на Комисијата запазени се сите процедури согласно практиките на добро лекување и станува збор за жал за медицинска компликација, истакна денеска ресорниот министер Венко Филипче.
Тој посочи дека покрај сите преземени соодветни медицински мерки и аплицирани постапки од препораките за третирање на такви компликации за жал немало успех.
– Станува збор за компликација која предизвикува крварење при кое за жал лековите не можат да делуваат и да направат контракција на матката и на тој начин да се запре крварењето. Постојат и други постапки кои следат после тоа, кои се преземени, но не дале резултат – нагласи Филипче.
Во врска со случајот со родилката во Гевгелија, рече дека треба да се заврши увидот во документите, да се сретнат членовите на Комисијата, да го заземат нивниот став, па потоа тие ќе излезат со став.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top