Експертите кои ја истражувале активноста на мозочните ќелии кај пациенти пред умирање, откриле брановити активности кои настапуваат непосредно пред смртта. Истражувањата исто така покажуваат дека таа активност е застапена уште неколку минути после смртта. Во тој момент, мозочните ќелии влечат резервна енергија уште неколку минути пред телото да престане да дава знаци на живот.
Истражување од октомври 2017-та покажува дека човечката свест продолжува да постои иако телото престанува да покажува знаци на живот. Тоа би можело да значи дека пациентите се свесни за сопствената смрт, а постојат докази дека починат пациент ги слуша докторите кога го објавуваат времето на неговата смрт. Тоа е докажано од страна на Медицинскиот универзитет Ленгдон во Њу Јорк, каде ги испитувале пациентите кои преживеале застанување на срцето.
На основа на престанување на работата на срцето, која моментално го пресекува дотокот на крв во мозокот. Штом дојде до тоа, крвта веќе не циркулира до мозокот, што значи дека за неколку секунди и тој престанува да работи. Во рок од 2 до 20 секунди, на електричниот монитор престанува да се прикажува активноста на
мозочните бранови.
Сепак, сега истражувачите тврдат дека се ова може да потрае и неколку часа по престанување на срцето. За колку време точно станува збор, останува да се открие во најновите истражувања.
извор: zivejzdravo.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.