Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски, на покана на државниот секретар на САД Рекс Тилерсон, ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи на земјите членки на Глобалната коалиција за борба против ИСИС, кој денеска ќе се одржи во Стејт департментот во Вашингтон.
– Министерскиот состанок има за цел да се поттикне интензивирање на меѓународните напори во борбата против Исламска држава во одделни области во Ирак и Сирија кои сé уште се под нивна окупација и да се зголеми притисокот и да се ограничи нејзината мрежа на функционирање, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи.
Во рамки на посетата, како што најавува неговиот кабинет, министерот Попоски ќе има и бројни билатерални средби.
Според информациите во јавноста, на тие средби се очекува, меѓу другото, да се разговара и за истрагите што по иницијатива на државниот секретар Рекс Тилерсон ги отвори на Стејт депепартментот за начинот на финансисрање на УСАИД и Сорос во Македонија. Под истрага е и американскиот амбасадор во заминување, Џес Бејли, кој нескриено влијаеше на во изборниот и постизборниот процес во Македонија, на тој начин компромитирајќи ја американската администрација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.