| четврток, 6 декември 2018 |

Почина четиригодишното дете кое го растргнаа кучиња во кичевско

Четиригодишното дете кое беше растргнато од глутница кучиња пред неколку дена во кичевското село Бачишта починало објави „Канал 5“.

Како што дознава телевизијата, и покрај напорите на лекарите да му го спасат животот, четиригодишното момченце денеска починало.

Претходно беше објавено дека тоа е на апарати за дишење.

Детето кое целосно растргнато од нападот на кучињата беше донесено во Ургентниот Центар во Скопје и на кое по четиричасовната операција му беа извадени бубрегот и слезината, а имало и повреди на главата, починало денеска во 13 часот.

Против сопственикот на овчарските кучиња е поднесена кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top