| четврток, 6 декември 2018 |

Eдночинка на „Павел Шатев“

СИТУАЦИЈА: Ма­ке­до­ни­ја во по­стиз­бор­на над­во­реш­но фин­ги­ра­на дра­ма, ед­на пар­ти­ја ја ста­ви др­жа­ва­та на ма­ки и ја др­жи во те­шка не­из­вес­ност. По из­бо­ри­те на кои по­бе­ду­ва ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ги ко­ри­сти при­до­би­вки­те на ти­ран­ска­та пла­тфор­ма, на ко­ја, на­ви­дум па­ра­до­ксал­но, ѝ ку­му­ва­ше ток­му ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја. Неп­ла­ни­ра­но во сце­на­ри­о­то на ча­до­рот и раз­о­ча­ру­вач­ки за ча­дор­џи­ја­та на за­ми­ну­ва­ње, за ли­де­рот За­ев и за не­го­ва­та по­у­ба­ва по­ло­ви­на Ра­да, на­ро­дот без­ус­лов­но и на но­зе ги бра­ни уни­тар­но­ста, ја­зи­кот, име­то, зна­ме­то хим­на­та, гр­бот и иден­ти­те­тот ма­ке­дон­ски. Го­ле­ма нер­во­за вла­дее во се­ди­ште­то на „Па­вел Ша­тев“, тра­ор над­вис­на над ли­ца­та на стран­ски­те пи­о­ни. Гр­че­ви­то се ба­ра из­лез од фе­ка­ли­и­те од игри­те во кои се заг­ла­ви­ја са­ми­те, а др­жа­ва­та им е са­мо ко­ла­те­рал­на ште­та. За­ев одам­на ко­му­ни­ци­ра са­мо на стру­мич­ки, а кри­вич­ни­те при­ја­ви ги со­би­ра ка­ко тро­феи на ѕи­дот зад се­бе. Па­ни­ка­та од тол­ку мно­гу на­род на ули­ца го по­ни­шту­ва спо­ко­јот на вр­ху­шка­та со­ци­јал­де­мо­крат­ска. Се ба­ра ча­ре.

ЛИКОВИ:

ЗАЕВ: ли­дер на СДСМ и чо­век што про­да­де сѐ што е све­то са­мо за да дој­де на власт и да се спа­си од за­ко­нот.

РАДА: пот­пре­тсе­да­тел­ка, ко­рис­нич­ка на ки­рии, сопс­тве­нич­ка на јах­ти и на ста­но­ви, ко­ја сво­јот сопс­твен зад­ник го ста­ви под ки­ри­ја кај Со­рос.

КАТИЦА: Два ли­ка во еден, об­јас­ну­ва­ње­то до­а­ѓа во са­ма­та ед­но­чин­ка.

СЦЕНА: Се­ди­ште­то на СДСМ на „Па­вел Ша­тев“, кан­це­ла­ри­ја­та на ли­де­рот за­ки­те­на со тро­феи од кри­вич­ни при­ја­ви, ал­ба­ни­зи­ра­ни банк­но­ти, дво­ја­зич­ни по­ли­ци­ски и вој­нич­ки уни­фор­ми, грб со двог­лав орел, нов па­сош и нов Устав, двој­но по­го­лем по обем од се­гаш­ни­от.

Ли­де­рот за­цр­ве­нет и за­по­тен од нер­во­за и не­му­ка­ет, бу­квал­но, ле­жи на фо­тел­ја­та. Без тро­па­ње му вле­ту­ва Ра­да и го пре­ки­ну­ва во пла­чот. Му ги бри­ше сол­зи­те, му го чи­сти но­сот и га­лов­но му ве­ли.

РАДА: Опрај се чо­е­че, ќе се из­ва­ди­ме и од овие гом­не­ни­ци, па зна­еш кој сто­е­ше зад нас, ај­де мис­ли на ид­ни­на­та и ка­ко ќе вла­де­е­ме!

Бе­страш­ни­от ли­дер шмрк­ну­ва уште ед­наш и во стра­шен очај, раз­бес­не­то ско­ка и вре­ска на цел глас.

ЗАЕВ: Не мо­га ви­ше, кал­па­ци мои, умрех од се­ки­ра­ции. Бр­зо Ра­до, ви­ку­вај а на по­мош спа­си­тел­ка­та ни да не ва­де ут си­ту­а­ци­ја­та. За­е­би што Ве­ру­шев­ски га­рант пак прис­лу­шу­ва, ја­вуј ѝ се на Ка­ти­ца­та! Вед­на­га!

Ра­да бес­по­го­вор­но го гра­ба поз­ла­те­ни­от „ај­фон 7“, и на бр­зо из­би­ра­ње (За­ев ѝ е на еден, Ка­ти­ца Ја­не­ва на двој­ка) вр­ти, вр­ти, ама не­ма мре­жа.

РАДА: Овој име­ња­кот твој пак не слу­ша, дај друг те­ле­фон.

За­ев и го да­ва, таа вр­ти, ли­це­то ѝ се от­пу­шта и вед­наш поч­ну­ва да збо­ру­ва без за­о­би­ко­лу­ва­ње.

РАДА: Ќи­ри­ја зо­ве Ка­ти­цу! При­ем! Од­ма да на­ста­пиш, не­ма вр­да­ње, спа­суј не од на­ро­дов на ули­ца, прај ди­гре­си­ја, ама од­ма! При­ем и од­ја­ва!

Ра­да се сми­ру­ва, го оста­ва те­ле­фо­нот и мил­но му шу­шка на уво на За­ев.

РАДА: Хе­хе­хе, зна­ев, „Оком-ско­ком“, ре­че де­ка од­ма на­ста­пу­ва, че­ка­ла на нас и се чув­ству­ва­ла за­по­ста­ве­но и отфр­ле­но оти одам­на не сме ја ба­ра­ле. Из­вр­шу­ва во мо­мен­тов! Сре­де­но, ји­ии-ха­аа!

За­ев се сми­ру­ва и бла­го се нас­мев­ну­ва, ја бри­ше пот­та од че­ло, ја по­пу­шта кра­ва­та­та и дла­бо­ко, олес­ни­тел­но воз­див­ну­ва.

ЗАЕВ: Уу­у­у­у­у­у­у­у­у­уф, има­ло Ка­ти­ца. Да не е она, оти­дов­ме ја­ба­на, сва­ка част.

Отка­ко му па­ѓа ка­ме­нот од три то­на од ра­ме­на, За­ев вед­наш го пу­шта те­ле­ви­зо­рот од 247-ин­чи и пре­ку „24 па­ра­ве­сти“ на Гла­ден се вклу­чу­ва во го­диш­но­то со­бра­ние на МАНУ. Та­му из­ле­гу­ва ака­де­мич­ка и на го­ле­мо из­не­на­ду­ва­ње на при­сут­ни­те ака­де­ми­ци поч­ну­ва без ме­ра да плу­ка по МВРО-ДПМНЕ.

КАТИЦА: Сме­там де­ка ста­ну­ва збор за ма­ни­пу­ла­ци­ја и се сом­не­вам де­ка са­ми­те ја соз­да­ле пла­тфор­ма­та за да ја за­др­жат вла­ста и да се ам­не­сти­ра­ат за на­пра­ве­ни­те зло­сторс­тва што не се са­мо фи­нан­си­ски, ту­ку се и ин­сти­ту­ци­о­нал­ни и кои се од­не­су­ва­ат и на сло­бо­да­та на го­вор и на дви­же­ње во др­жа­ва­ва. Та­ка што це­ли­от хи­сте­рич­но на­ци­о­на­ли­стич­ки ди­скурс со­др­жи та­кти­ка за де­фо­ку­си­ра­ње од глав­ни­от проб­лем: кри­ми­на­лот, сло­бо­да­та на го­вор и мир­ни­от транс­фер на вла­ста. Јас го под­др­жу­вам пред­ло­гот да се пов­ле­чат се­ка­кви пла­тфор­ми и од ал­бан­ски­от блок и од вла­ста што оду­ми­ра, а не са­ка да го приз­нае тоа!

За­ев стои ста­пи­сан, се вцр­ве­ну­ва, го фр­ла мо­бил­ни­от и го кр­ши на пар­чи­ња.

ЗАЕВ: Ра­до­о­о­о­оо! На ко­ја Ка­ти­ца свр­те ма!

По ку­са па­у­за, мур­ти­не­цот се со­зе­ма, сфа­ќа де­ка не­ма бе­ља ту­ку ќар, ва­ди нов те­ле­фон од фи­о­ка­та и ѝ го да­ва на Ра­да. Ли­де­рот и за­ме­нич­ка­та поч­ну­ва­ат хи­сте­рич­но да се сме­ат, се гу­шка­ат, а Ра­да ве­ќе ѝ вр­ти на ви­стин­ска­та Ка­ти­ца…

ЗАВЕСА.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top