СИТУАЦИЈА: Македонија во постизборна надворешно фингирана драма, една партија ја стави државата на маки и ја држи во тешка неизвесност. По изборите на кои победува ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ги користи придобивките на тиранската платформа, на која, навидум парадоксално, ѝ кумуваше токму македонската опозиција. Непланирано во сценариото на чадорот и разочарувачки за чадорџијата на заминување, за лидерот Заев и за неговата поубава половина Рада, народот безусловно и на нозе ги брани унитарноста, јазикот, името, знамето химната, грбот и идентитетот македонски. Голема нервоза владее во седиштето на „Павел Шатев“, траор надвисна над лицата на странските пиони. Грчевито се бара излез од фекалиите од игрите во кои се заглавија самите, а државата им е само колатерална штета. Заев одамна комуницира само на струмички, а кривичните пријави ги собира како трофеи на ѕидот зад себе. Паниката од толку многу народ на улица го поништува спокојот на врхушката социјалдемократска. Се бара чаре.
ЛИКОВИ:
ЗАЕВ: лидер на СДСМ и човек што продаде сѐ што е свето само за да дојде на власт и да се спаси од законот.
РАДА: потпретседателка, корисничка на кирии, сопственичка на јахти и на станови, која својот сопствен задник го стави под кирија кај Сорос.
КАТИЦА: Два лика во еден, објаснувањето доаѓа во самата едночинка.
СЦЕНА: Седиштето на СДСМ на „Павел Шатев“, канцеларијата на лидерот закитена со трофеи од кривични пријави, албанизирани банкноти, двојазични полициски и војнички униформи, грб со двоглав орел, нов пасош и нов Устав, двојно поголем по обем од сегашниот.
Лидерот зацрвенет и запотен од нервоза и немукает, буквално, лежи на фотелјата. Без тропање му влетува Рада и го прекинува во плачот. Му ги брише солзите, му го чисти носот и галовно му вели.
РАДА: Опрај се чоече, ќе се извадиме и од овие гомненици, па знаеш кој стоеше зад нас, ајде мисли на иднината и како ќе владееме!
Бестрашниот лидер шмркнува уште еднаш и во страшен очај, разбеснето скока и вреска на цел глас.
ЗАЕВ: Не мога више, калпаци мои, умрех од секирации. Брзо Радо, викувај а на помош спасителката ни да не ваде ут ситуацијата. Заеби што Верушевски гарант пак прислушува, јавуј ѝ се на Катицата! Веднага!
Рада беспоговорно го граба позлатениот „ајфон 7“, и на брзо избирање (Заев ѝ е на еден, Катица Јанева на двојка) врти, врти, ама нема мрежа.
РАДА: Овој имењакот твој пак не слуша, дај друг телефон.
Заев и го дава, таа врти, лицето ѝ се отпушта и веднаш почнува да зборува без заобиколување.
РАДА: Ќирија зове Катицу! Прием! Одма да настапиш, нема врдање, спасуј не од народов на улица, прај дигресија, ама одма! Прием и одјава!
Рада се смирува, го остава телефонот и милно му шушка на уво на Заев.
РАДА: Хехехе, знаев, „Оком-скоком“, рече дека одма настапува, чекала на нас и се чувствувала запоставено и отфрлено оти одамна не сме ја барале. Извршува во моментов! Средено, јиии-хааа!
Заев се смирува и благо се насмевнува, ја брише потта од чело, ја попушта краватата и длабоко, олеснително воздивнува.
ЗАЕВ: Уууууууууууф, имало Катица. Да не е она, отидовме јабана, свака част.
Откако му паѓа каменот од три тона од рамена, Заев веднаш го пушта телевизорот од 247-инчи и преку „24 паравести“ на Гладен се вклучува во годишното собрание на МАНУ. Таму излегува академичка и на големо изненадување на присутните академици почнува без мера да плука по МВРО-ДПМНЕ.
КАТИЦА: Сметам дека станува збор за манипулација и се сомневам дека самите ја создале платформата за да ја задржат власта и да се амнестираат за направените злосторства што не се само финансиски, туку се и институционални и кои се однесуваат и на слободата на говор и на движење во државава. Така што целиот хистерично националистички дискурс содржи тактика за дефокусирање од главниот проблем: криминалот, слободата на говор и мирниот трансфер на власта. Јас го поддржувам предлогот да се повлечат секакви платформи и од албанскиот блок и од власта што одумира, а не сака да го признае тоа!
Заев стои стаписан, се вцрвенува, го фрла мобилниот и го крши на парчиња.
ЗАЕВ: Радоооооо! На која Катица сврте ма!
По куса пауза, муртинецот се созема, сфаќа дека нема беља туку ќар, вади нов телефон од фиоката и ѝ го дава на Рада. Лидерот и заменичката почнуваат хистерично да се смеат, се гушкаат, а Рада веќе ѝ врти на вистинската Катица…
ЗАВЕСА.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.