| четврток, 6 декември 2018 |

Светиниколчанец претепал директорка на социјално за да му го врати детето

tupanica nasilstvo

Светиниколчанецот С.В. одлучил со ќотек да го добие правото на старателство врз своето дете, објавува „Канал 5“.

Инцидентот се случил вчера попладне во канцеларијата на директорката Д.Н. на тамошниот меѓуопштински Центар за социјални работи. С.В. веќе не сакал да чека, па влегол во канцеларијата на директорката и почнал расправија. Откако сфатил дека нема да ја убеди директорката нему да му го доддели старателството наместо на неговата сопруга, светиниколчанецот физички ја нападнал жената.

Директорката, според „Канал 5“, заработила удар со глава и неколку тупаници во лицето, но, за среќа, пред да заработи посериозни повреди, интервенирале вработените во Центарот и го извадиле напаѓачот од нејзината канцеларија. Веднаш била повикана полиција и брза помош.

Насилникот бил приведен и кај него биле утврдени 0.55 промили алкохол во крвта. Четириесет и шестгодишната Д.Н. била пуштена на домашно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top