Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски, денеска ќе престојува во Виена, каде што ќе се обрати на седница на Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.
Како што соопшти МНР, за време на посетата е предвидено министерот Попоски да оствари билатерална средба со неговиот австриски колега, министерот за надворешни работи Себастијан Курц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.