| четврток, 6 декември 2018 |

Коѕијас и Тилерсон разговарале и за Македонија

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, вчера во Вашингтон се сретна со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон со кого разговарале за повеќе прашања, меѓу кои и за стабилноста и безбедноста во нашиот регион.

Во изјавата по средбата, на новинарско прашање дали разговарале и за Скопје, Коѕијас одговара дека не зборувале посебно за Скопје, но оти кога ги објаснувал прашањата поврзани со стабилноста во регионот, Тилерсон се осврнал на нестабилноста која постои кај „северниот сосед на Грција“ и напорите да се стабилизира.

Новинарот потоа го прашува Коѕијас што било во фокусот на вниманието на американскиот државен секретар.

– Тој го фокусира неговото внимание на силите кои, според мое мислење, го дестабилизираат регионот – одговори Коѕијас.

На новинарско прашање кои се тие сили, шефот на грчката дипломатија му порачува „тоа да го земе како домашна задача“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top