| четврток, 6 декември 2018 |

Миле Крстев ја одложи шампионската промоција на Вардар (фото)

Фудбалскиот клуб Вардар, не ја искористи првата меч топка, за седма титула во македонското првенство, откако одигра 1-1, попладнево против Металург во Автокоманда.  Турново славеше против Работнички со 3-0 и остана во игра за првата, историска титула, но ќе мора да го победи актуелниот шампион на националната арена „Филип втори“, во недела, во последното коло. Вардар има 65 бода, а Турново два помалку.

Vardar-Metalurg-m Vardar-Metalurg-12

На „црвено-црните“ им беше неопходна победа против Металург, за дефинитивно да си ја осигураат шампионската круна, но сега им останува предизвикот наречен Хоризонт Турново, во последната рунда.

Предраг Ранѓеловиќ му донесе предност од 1-0 на Вардар во 22. минута, по одличното додавање на шпанскиот интернационалец Хименес, а израмни Миле Крстев со погодок во 76. минута, по додавањето на Љамчевски.

Vardar-Metalurg-11 Vardar-Metalurg-10 Vardar-Metalurg-9

Металург притисна во финишот, повеќе ги посакуваше трите бода, но не успеа повторно да ја затресе мрежата на гостинскиот тим.

Турново на домашен терен со головите на Милушев во 20. минута, на Блажевски во 49. минута и на Балдовалиев во 90. минута, го совлада Работнички и се избори за шанса, во директен дуел со Вардар да одлучува за титулата.

Vardar-Metalurg-8 Vardar-Metalurg-7 Vardar-Metalurg-6

Интересно ќе биде и во битка за избегнување на оние две позиции кои водат во баражот за опстанок. Напредок конечно победи во последниот дел од шампионатот, по долг пост, а во Кичево „падна“ Брегалница со 2-1. Во последното коло тимот од Кичево ќе му гостува на Пелистер, во меч што mоже директно да одлучува за тоа која екипа ќе го избегне баражот и ќе обезбеди опстанок во Првата Лига.

Vardar-Metalurg-5 Vardar-Metalurg-4 Vardar-Metalurg-3

Шанса има и Дрита по денешното реми со Ренова, 1-1. Напредок е во поповолна позиција со 40 бода, а Дрита и Пелистер имаат по 37. Само една од овие три екипи ќе опстане во Првата Лига, а останатите две ќе играат бараж со Скопје и Еуромилк.

Тетекс и Силекс се сигурни патници во понизок ранг, а денеска во меѓусебен дуел, „текстилците“ победија со 4-0. Пелистер ја победи Шкендија на гостински терен во Гостивар со 1-0.

Vardar-Metalurg-2 Vardar-Metalurg-1

Резултати – 32. коло: Металург – Вардар 1-1, Хоризонт Т. – Работнички 3-0, Ренова – Дрита 1-1, Шкендија – Пелистер 0-1, Напредок – Брегалница 2-1, Тетекс – Силекс 4-0.

 

Табела: Вардар 65, Турново 63, Металург 60, Работнички 50, Шкендија 44, Брегалница 43, Ренова 42, Напредок 40, Пелистер и Дрита по 37, Тетекс 25, Силекс 22.

 

Двојки, последно, 33. коло, недела од 17 часот: Вардар – Турново, Пелистер – Напредок, Брегалница – Металург, Работнички – Тетекс, Дрита – Шкендија, Силекс – Ренова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top