Кауција од милион долари одреди судот во американската држава Вашингтон за обвинетиот Тајлер Џејмс Дојч, кој ја ставил својата ќерка во замрзнувач на температура од минус 12 степени за да престане да плаче.
Лекарите веруваат дека бебето ќе преживее и велат дека сѐ уште е рано да се знае какви можни компликации може да се појават подоцна. Температурата на бебето паднала на 29 Целзиусови степени во замрзнувачот, а имала и скршена рака, нога и повреди на главата, потврдиле лекраите. Само пред седум недели Дојч на својот профил на „Фејсбук“ објавил фотографија на која насмеан го држи детето во раце.
Дојч е обвинет за обид за убиство на својата ќерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа