| четврток, 6 декември 2018 |

Ја ставил ќерката во замрзнувач за да претстане да плаче

Кауција од милион долари одреди судот во американската држава Вашингтон за обвинетиот Тајлер Џејмс Дојч, кој ја ставил својата ќерка во замрзнувач на температура од минус 12 степени за да престане да плаче.

Лекарите веруваат дека бебето ќе преживее и велат дека сѐ уште е рано да се знае какви можни компликации може да се појават подоцна. Температурата на бебето паднала на 29  Целзиусови степени во замрзнувачот, а имала и скршена рака, нога и повреди на главата, потврдиле лекраите. Само пред седум недели Дојч на својот профил на „Фејсбук“ објавил фотографија на која насмеан го држи детето во раце.

Дојч е обвинет за обид за убиство на својата ќерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top