Вистинските вредности се подзаборавени, а обединувањето околу нив е покорисн отколку да се прецртуваат постојните граници, изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски кој во вторникот во Брисел оствари средби сo членови на Европскиот парламент, во светло на дискусиите околу Резолуцијата за Република Македонија.
„Регионот минува низ фаза на тензии и прашалници за иднината. ЕУ е истовремено под влијание на внатрешните проблеми. Во такви околности, за нас е најпаметно да се обединиме околу интеграција во Унијата и вистинските вредности кои се подзаборавени. Тоа е секако покорисно, отколку да си ги прецртуваме границите. Брисел може да помогне со тоа што ќе го направи членството достижно и реално за оваа генерација македонски граѓани“, истакна Попоски.
Шефот на македонската дипломатија се сретна со Алојз Петерле ко-пресетдавач со Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ, Иво Вајгл, известител за Република Македонија во ЕП, Дејвид Мекалистер претседавач со Комисијата за надворешни работи на ЕП-АФЕТ, Елмар Брок, претседател на Европските федералисти, Жозеф Дол, претседател на Европската Народна Партија, како и со повеќе членови на Комитетот за надворешни работи на ЕП, меѓу кои и Тонино Пицула, Туне Келам и Чарлс Танок
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.