Oткако завршија натпреварите од Првата кошаркарска лига, следниот викенд и официјално стартува Супер-лигата, во која на најдобрите четири тима од досегашниот дел од сезоната им се приклучуваат МЗТ Скопје и Карпош соколи.
Денеска беше утврден и распоредот на натпревари за Супер-лигата, па така во рамките од првото коло МЗТ Скопје ќе го пречека составот на Фени индустри, Карпош Соколи ќе биде домаќин на Работнички, додека Куманово ќе го пречека составот на Кожув.
Вечното дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички е закажано за 25 март, во рамките од третото коло во СЦ „Јане Сандански“, додека првата пресметка меѓу Карпош Соколи и МЗТ, кои важат за главни фаворити за титулата, ќе може да се проследи на 1 април во СЦ „Борис Трајковски“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.