Предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со локалните избори, според ВМРО-ДПМНЕ, се најдоброто решение за излез од актуелната состојба.
Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција истакна дека доколку овие избори се одржат во ист термин државата нема да има преголеми дополнителни трошоци, а граѓаните ќе добијат можност да се изјаснат околу тиранската платформа која беше ставена на маса после декемвриските избори.
– Сеалбанската платформа беше потпишана на Божиќ, 7-ми јануари во Тирана од страна на лидерите на албанските партии во Македонија. Веднаш потоа стана услов за формирање на идната тиранска влада и беше прифатена од страна на СДСМ и Зоран Заев. Еден месец претходно, на декемвриските избори, граѓаните ниту беа информирани, ниту беа прашани што мислат за промена на банкнотите, официјализирање на албанскиот јазик на целата територија, носење на резолуција за геноцид врз Албанците и низа други скандалозни одредби кои ги содржи тиранската платформа. Затоа граѓаните сега се чувствуваат измамени и се револтирани, рече Данев.
СДСМ, според него, е уценета партија, а нејзиното раководство е фатено во криминал до гуша. – Знаат дека има докази и за поткупот на аболицираниот Зоран Заев и за изборните измами и нерегуларности на Оливер Спасовски и за кириите на Радмила Шекеринска. Злосторничкото здружение во врвот на СДСМ знае што правело и во случајот „Цареви Кули“ и со „Струмица Гас“ и со стотици тендери во општина Струмица преку кои незаконски се богатело, посочи Данев.
Според него, тоа е главната причина заради која се согласуваат да менуваат и знаме и химна и грб и поради која СДСМ подлегнува на уцените и прифаќа да ги менува банкнотите, униформите и да ги осуди партизаните и Република Македонија дека вршеле геноцид врз Албанците.
– ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи некој да тргува со државните и националните интереси само за да се спаси од кривична одговорност, потенцираше Данев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.