| четврток, 6 декември 2018 |

Нема вонредни парламентарни избори во Србија

Нема да има вонредни парламентарни избори во Србија. Претседателот на Србија и лидер на СНС Александар Вучиќ, на денешната седница на Главниот одбор на партијата, одлучија да се одржат само редовните избори за градот Белград.

Вучиќ на седницата на раководството на партијата го изнесе личниот став дека негов предлог е да се одржат само редовни градски избори, што партијата го усвои.

„Мој предлог за вас е да и соопштиме на јавноста да имаме само редовни градски избори, а на парламентарните избори ќе одиме кога ќе им дојде редот. И доколку загубиме на белградските избори тоа нема да биде страшно. Не е проблем да паднеме, проблем е кога нема да станете после падот, изјави лидерот на СНС Александар Вучиќ.

Тој на седницата објасни дека оваа одлука можеби не е во интерес на партијата, но е во најдобар интерес на државата. Во аргументите против одржување на вонредни парламентарни избори тој ги наведе преговорите со Косово, фискалната дисциплина, застој на реформите, како и аргументот дека премиерката Ана Брнабиќ и првиот собраниски спикер Маја Гојковиќ ја имаат неговата поддршка и нема потреба за избирање нови личности за нивните места. Лидерот на СНС ги наведе и притисоците од странство за седењето на две столчиња, одговарајќи дека Србија може да седи само на своето столче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top